ЈСП „СКОПЈЕ“ РЕАГИРА Февруарската плата е целосно исплатена велат од претпријатието
ЈСП „Скопје“ заедно со Град Скопје работи исклучиво во интерес на своите вработени и скопјани, корисници на јавниот превоз“, се вели во реакцијата на ЈСП „Скопје“.
Од ЈСП „Скопје“ реагираа на текстот објавен на Плусинфо при што информираат дека февруарската плата е веќе целосно исплатена на вработените.
„За жал, не е прв пат „Плусинфо“, очигледно свесно, во јавноста да пласира информации базирани на непроверени извори со единствена цел, создавање тензија меѓу вработените на претпријатието и корисниците на јавниот превоз. Февруарската плата на сите вработени им е исплатена целосно. Нема да дозволиме политички интриги и сценарија да влијаат на нормалното функционирање на сообраќајното претпријатие, а со тоа и на јавниот превоз во главниот град. ЈСП „Скопје“ заедно со Град Скопје работи исклучиво во интерес на своите вработени и скопјани, корисници на јавниот превоз“, се вели во реакцијата на ЈСП „Скопје“.