ЈСП ГИ ДЕМАНТИРА ОБЈАВИТЕ ЗА ЖИЧНИЦАТА Не се спасени, ниту биле заглавени тројца возрасни и дете

Во врска со бројните медиумски објави за наводен настан во кој биле „спасени“ тригодишно дете и тројца возрасни, наводно заглавени на жичницата на Водно, Јавното сообраќајно претпријатие Скопје Ве информира дека на денешен ден не е евидентиран таков настан, ниту настан од сличен карактер, велат од ЈСП додавјаќи дека објавите во медиумите ја довеле јавноста во заблуда.

231

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги демантира објавите во медиумите во врска со тројцата возрасни и дете заглавени на жичницата на Водно. Според ЈСП таков настан воопшто не е евидентиран.

Во продолжение е целосниот демант на јавното претпријатие.






„Во врска со бројните медиумски објави за наводен настан во кој биле „спасени“ тригодишно дете и тројца возрасни, наводно заглавени на жичницата на Водно, Јавното сообраќајно претпријатие Скопје Ве информира дека на денешен ден не е евидентиран таков настан, ниту настан од сличен карактер.

Категорично укажуваме дека содржината е објавена без соодветна проверка и ги доведува граѓаните во заблуда.

Начинот на кој е претставен настанот создава погрешна слика за актуелната состојба и непотребно предизвикува паника и несигурност кај јавноста. Ваквото пласирање на информации, без јасен контекст и без утврдени факти, претставува несериозен и неодговорен пристап.

Од медиумите очекуваме професионално и точно информирање, а не сензационализам и објавување содржини што ја нарушуваат довербата кај граѓаните“.

НЕВРЕМЕТО И ПРЕКИНОТ НА СТРУЈА ГИ ЗАРОБИ НА ВРВОТ Полицијата извлече дете, Германец и уште две лица од жичарницата

Поврзани содржини