ЈСП ГИ СРЕДИ ИНФОРМАЦИИТЕ НА ЕКРАНИТЕ НА ПОСТОЈКИТЕ И ГИ АЖУРИРАШЕ Им заблагодари на скопјани за укажување на проблемот

По добиените реакции од Ваша страна, Ве информира дека , се ажурирани согласно најновата софтверска верзија со која располагаме., соопшти Јавното сообраќајно претпријатие.

18

Јавното сообраќајно претпријатие ги ажурираше инфо-дисплеите поставени на автобуските постојки, наменети за прикажување на точни информации за реалното време на пристигнување на автобусите. Сега дисплеите имаат нов софтвер.

ЈСП во соопштение им заблагодари на граѓаните укажаните забелешки и сугестии за проблемот.






„Почитувани корисници на јавниот превоз во Град Скопје, Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, по добиените реакции од Ваша страна, Ве информира дека , се ажурирани согласно најновата софтверска верзија со која располагаме. Ви благодариме за укажаните забелешки и Вашите сугестии, кои ги разгледуваме со должно внимание и континуирано работиме на надминување на наталожените проблеми, како и на унапредување на услугите.

Информираноста на граѓаните и точноста на информациите се од суштинско значење за транспарентното работење на едно претпријатие. Со обезбедување пристап до проверени и навремени информации, ја зајакнуваме довербата на граѓаните во нашите услуги“.

Поврзани содржини