СОВЕТНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПРЕМИСЛИЈА Остануваат сегашните имиња на улиците и плоштадите во Скопје
Предлогот предизвика бура во јавноста со оглед дека овие имиња на улици беа заменети со антички, револуционери и национални термини иако имињата на дел од улиците се добиени по несебичната поддршка на земјите од светот по катастрофалниот скопски земјотрес.
Железничка, Ленинова и уште стотина улици остануваат на своите оригинални имиња откако доцна по полноќ советот на Град Скопје одлучи да не ја поништува одлуката со која треба да им се вратат имињата, објави телевизија Телма.
Предлог точката беше доставена од советничката група на ВМРО- ДПМНЕ но за неа не се отвори расправа бидејќи советниците се договорија прво да се достави документацијата со која ќе се поткрепи барањето а потоа да се расправа за точката на некоја наредна седница.