Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје: Скандал е што наместо оставка за над 900 мртви, Шилегов на Караџовски му даде награда „13 Ноември“

Секаде во светот фрштат оставки поради лошото справување со кризата, само кај нас делат награди. Петре Шилегов со ова ја деградира наградата 13 Ноември“, наведено е во соопштението.

370

Вистински скандал е што наместо оставка на Жарко Караџовски за над 900 починати лица поради ковид пандемијата, градот Скопје, Петре Шилегов и власта на Заев му дадоа награда „13 Ноември“, наведено е во соопштението од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Тоа преставува деградирање и омаловажување на самата награда. Заслугите на Жарко Караџовски се тоа што во земјава дневно се заразуваат над 800 лица. Градот Скопје е главен корона кластер и сме држава со убедливо најголем процент на починати лица по глава на жител во регионот. Дополнително во составот на комисијата која одлучува за наградата е и советникот на Зоран Заев, Љубиша Станковиќ, што значи советникот на Заев му доделил награда на сатрапот на македонското здравство Караџовски, а Шилегов тоа го одобрил. Секаде во светот фрштат оставки поради лошото справување со кризата, само кај нас делат награди. Петре Шилегов со ова ја деградира наградата 13 Ноември“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини