СОСЛУШАНА ДАДИЛКАТА НА КОСТА К. „Ништо не навестуваше дека тој ќе го направи тоа“
Српски Информер тврди дека дадилката во полиција сведочела дека Коста додека го чувала бил добро дете, послушно и паметно.
Дадилката на Коста К., напаѓачот од Врачар била на разговор во полиција, каде што детално раскажала сè што знае за неговото воспитување и навики. Таа се грижела за него од кога момчето имало само 11 месеци до пред неколку години и во тој период поминувала повеќе време со него отколку неговите родители.
Според српски Информер, бебиситерката била запрепастена и во целосен шок за време на сослушувањето.
– Таа рече дека сè уште не може да разбере дека Коста успеал да ги убие своите другари и училишниот чувар. Рекла дека денови по злосторството во Врачар размислувала за Коста и времето кога го чувала и дека сè уште не може да се опорави од шокот – вели добро упатен извор на порталот.
Изворот рекол дека дадилката во полиција сведочела дека Коста додека го чувала бил добро дете, послушно и паметно.
– Беше добро бебе, а подоцна момче. Беше натпросечно интелигентен, љубопитен и успешен во сè што го интересираше. Таа забележа дека ништо во неговото однесување не навестувало дека тој некогаш би направил такво злосторство – додава изворот.
Да потсетиме, кобното утро момчето од сефот извади два пиштоли на татко му на кои му ја знаеше шифрата и направи четири „молотови коктели“, а потоа тргна на крвав поход.
На влезот во училиштето убил чувар и уште три девојчиња кои случајно се нашле таму без да им каже збор. Потоа ја сменил рамката за муниција во пиштолот во ходникот и влегол во училницата на долниот кат, каде што неговиот клас имал час по историја.
Таму прво ја ранил наставничката во раката и стомакот, а потоа се завртел и пукал во децата. Убил шест деца, а ранил уште пет.
По масакрот излегол од училницата и самиот повикал полиција велејќи дека ги убил децата.