СОПСТВЕНИКОТ НА СРПСКИОТ АВТОБУС ЗАРАБОТИ 99, А ЗАКУПЕЦОТ 4 КАЗНИ Причината за несреќата во Бугарија најверојатно е човечка грешка

Според Обвинителството, техничкиот преглед е завршен и ништо не укажува дека автобусот е неисправен, а најверојатно причина за несреќата е човечка грешка.

657

Вкупно 99 казни за тешки прекршоци му се изречени на сопственикот на српскиот автобус кој на 14 август се преврте на автопатот „Тракија“ во Бугарија. Освен казните за сопственикот, четири казни му се изречени и на закупецот на автобусот, објавуваат српските медиуми.

„Припадници на сообраќајната полиција извршија надзор над правното лице – сопственикот на тоа возило, како и претприемачот кој е корисник на автобусот по договор, при што, правното лице – сопственик на возилото – е констатирано дека сторил прекршоци од Законот за работното време на екипите на возилата во патниот превоз и тахографите, за што му се изречени 99 прекршочни наредби со глоба во вкупен износ од 3.510.000 динари, како и барање за поведување прекршочна постапка согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“, соопшти српското Министерството за внатрешни работи.






Надзорот кај корисникот на возилото по договор за закуп, кој инаку поседува важечка дозвола за превоз на патници, констатирал прекршоци од Законот за работно време на екипите на возилата во патниот превоз и тахографи, за што му се изречени четири прекршочни казни со вкупна глоба од 420.000 динари, а поднесено е и барање за поведување прекршочна постапка по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Според Обвинителството, техничкиот преглед е завршен и ништо не укажува дека автобусот е неисправен, а најверојатно причина за несреќата е човечка грешка.

Во несреќата повредени се дванаесет деца на возраст од 6 до 16 години и четворица возрасни. Сите се враќаа од туристичкото место Несебар.

За среќа нема жртви.

Поврзани содржини