Кери Харт, сопругот на пејачката Пинк (40), објави повеќе детали за борбата против коронавирусот откако Пинк и нивниот тригодишен син Џејмсон дознаа дека се позитивни.
Пинк откри на Инстаграм на 3 април дека двајцата се позитивни на коронавирус. Харт рече дека борбата на Џејмсон со болеста докажува дека тој е имун на коронавирусот.
– Тие беа неподготвени. И двајцата се разболеа. Мојот син имаше полоши симптоми, што ја уби целата теорија дека ова ги погодува само постарите луѓе. Мојата сопруга исто така беше мошне лошо. Таа има астма. Коронавирусот ѝ ги нападна белите дробови и градите. Одвај дишеше – рекол Харт, додека гостувал во шоуто на Џејсон Елис.
– Пинк стана навистина нервозна откако виде колку бргу се шири коронавирусот, поради нејзината состојба со астма. Ние не излегувавме никаде, бевме во целосна изолација. Живееме во мал град и не сакавме некој случајно да го разболи со овој вирус. Само бевме на лекар и кај педијатар – продолжил Харт.
Пинк на својот Инстаграм на 3 април ја критикуваше федералната влада што не ги стави на располагање тестовите.
„Луѓето треба да знаат дека болеста влијае на млади и стари, здрави и нездрави, богати и сиромашни. Треба да го направиме тестирањето бесплатно и широко достапно за да ги заштитиме нашите деца, нашите семејства, пријатели и нашите заедници“, напиша таа.
FOTO: Instagram