📷 СОПРУГОТ ЈА ЗАСРАМИ МЕЛОНИ ПРЕД СИТЕ СО ВУЛГАРЕН СЕКСУАЛЕН ПОТЕГ Еве како италијанската премиерка се извлече од скандалот
Тогашниот сопруг на Џорџа Мелони, Андреа Џамбруно, ѝ упатил непристојни прашања на една од водителките за време на рекламна пауза, пред публика во живо. Тој ѝ предложил и групен секс, а потоа недолично се допрел пред неа. Сцената, снимена и објавена на социјалните мрежи, предизвика бурни реакции и го поттикна скандалот кој ја натера премиерката Џорџа Мелони да реагира јавно. Видно вознемирената водителка избегнувала да го погледне додека траел непријатниот момент.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони доживеа тешко предавство, и тоа од својот сопруг Андреа Џамбруно. Имено, Мелони ја изгради својата политичка кариера врз слоганот „семејството на прво место“. Но, сѐ се урна кога Џамбруно, во програма во живо, ѝ упати вулгарен коментар на жена, а потоа се фати за меѓуножјето.
Овој немил настан, кој се случи пред неколку години, резултираше со отказ за новинарот и ТВ-водител Андреа Џамбруно од телевизијата каде што работеше, додека Џорџа Мелони реагираше со поднесување барање за развод.
„Мојата врска со Андреа Џамбруно, која траеше речиси 10 години, завршува тука. Му благодарам за прекрасните години што ги поминавме заедно, за тешкотиите низ кои минавме и за тоа што ми ја даде најважната работа во мојот живот, нашата ќерка Џиневра“, напиша Мелони само 2 дена откако видеото со неговото непристојно однесување во рекламна пауза од популарна емисија стана вирално.
La mia relazione con Andrea Giambruno, durata quasi dieci anni, finisce qui. Lo ringrazio per gli anni splendidi che abbiamo trascorso insieme, per le difficoltà che abbiamo attraversato, e per avermi regalato la cosa più importante della mia vita, che è nostra figlia Ginevra.… pic.twitter.com/1IpvfN8MgA
— Giorgia Meloni (@GiorgiaMeloni) October 20, 2023
Што точно направи сопругот на Мелони?
Во видеото, снимено за време на рекламна пауза пред публика во живо и објавено на социјалните мрежи и веб-страницата на емисијата, Џамбруно се гледа како шета низ студиото и ја прашува една од водителките дали има момче. Кога таа одговорила дека има, и дека тој тоа веќе го знае бидејќи веќе ѝ го поставил истото прашање, тогашниот сопруг на Мелони ѝ предложил групен секс.
Потоа ја прашал дали ѝ пречи ако ги допре своите гениталии и го направил тоа додека разговарал со неа. Жената, очигледно непријатно изненадена, не ни погледнала во него додека траела сцената.
Видеото експлодираше на социјалните мрежи, а скандалот бараше јасна реакција од премиерката.
Како реагираше Мелони кога нејзиниот сопруг се посрамоти во јавноста?
Џорџа, позната по својата одбрана на семејните вредности, беше принудена да направи драстичен чекор, таа поднесе барање за развод, објави тогаш Би-Би-Си.
„Нашите патишта одамна се разделија, а сега дојде време тоа и да го признаеме. Ќе го бранам она што бевме, ќе го бранам нашето пријателство и, по секоја цена, ќе ја бранам нашата седумгодишна ќерка која ги сака и мајка си и татко си, онака како што јас не можев да го сакам својот татко“, напиша Мелони.
Според нејзината автобиографија, таткото на Мелони бил зависник од дрога и поминал време во затвор.
Џамбруно и претходно ја посрамотувал премиерката
И пред разводот, Џамбруно бил во центарот на контроверзии. Во една прилика изјавил дека серијата групни силувања би можела да се спречи „ако жените избегнуваат алкохол“.
– Ако одиш на забава, имаш целосно право да се напиеш. Но, ако избегнуваш да се напиеш, можеби ќе избегнеш и неволја зашто тогаш ќе го препознаеш волкот – рече во неговата емисија, која подоцна беше укината од „Медиасет“ по објавувањето на срамното видео.
На прашање за овие изјави, Мелони рече дека „бил погрешно разбран“ и додаде:
– Верувам во слободата на медиумите и не му кажувам што да зборува.
Мелони под зголемена критика и пред разводот
И пред скандалот, Џорџа Мелони беше критикувана бидејќи и покрај слоганот „семејството на прво место“, не се венчала во црква со Џамбруно, иако биле заедно 10 години. Дополнително, ѝ се забележуваше поради ограничувањата што ги наметна за правото на сурогат-родителство за ЛГБТ заедницата.
Од 2023 година до денес, Џорџа Мелони е самохрана мајка, не е во врска и целосно е посветена на нејзината ќерка и на политичката кариера.