📽️ СОПРУГАТА НА УБИЕЦОТ ПРИЗНАЛА СÈ, ТОЈ ЛАЖЕЛ Расчистено убиството во Гостиварско, снимен „фиатот“ со кој била киднапирана жената

Проверките на видео-записите покажале дека С.М. дал лажен исказ во полиција. Сопругата на осомничениот, во полициски разговор, признала дека нејзиниот сопруг ја застрелал Х.А. со пиштол и покажала каде ја закопале.

2,617

Сопругата на осомничениот за киднапирање и убиство на жена во гостиварско Неготино ја признала вината за злосторството, откако нејзиниот сопруг претходно дал лажен исказ во полиција. Со помош на снимки од безбедносни камери и телефонски листинзи беше расчистено убиството кое ја вознемири јавноста.

МВР излезе со детали и снимки за случајот.






Синоќа, жена беше пронајдена мртва, закопана дупка во атарот на селото. Според деталите, се работи за 53-годишната Х.А. од Равен. Нејзиното исчезнување го пријавил синот, 34-годишниот Ј.М., уште на 9 декември.

„На безбедносните камери видел дека два дена претходно, на 7 декември, таа влегла во автомобил ‘фиат’ и потоа станала недостапна на телефон. Во истата пријава, синот посочил дека осомничениот С.М. ноќта меѓу 6 и 7 декември влегол во нивната куќа и пребарувал по собите, при што исчезнале и пари“, велат од СВР Тетово.

На 11 декември, во 2 часот и 15 минути, полицијата го привела С.М. под сомнение дека ја принудил жената да замине со него.

Проверките на видео-записите покажале дека С.М. дал лажен исказ во полиција, открива Министерството за внатрешни работи. Исто така, телефонските листинзи потврдиле дека последниот повик на киднапираната жената, 53-годишната Х.А. бил токму со осомничениот, на 7 декември.

По судска наредба бил извршен претрес и во неговиот дом, при што е приведена и неговата сопруга Ѓ.В. (48). Сопругата на осомничениот, во полициски разговор, признала дека нејзиниот сопруг ја застрелал Х.А. со пиштол и покажала каде ја закопале.

Полицијата, во присуство на јавен обвинител, извршила увид на местото во атарот на селото и го пронашла телото. По наредба на обвинителот, телото е испратено на обдукција.

Случајот, кој ја потресе гостиварската јавност, се води како убиство по член 123 од Кривичниот законик.

Поврзани содржини