Сопругата на Трудо има коронавирус, и премиерот во изолација 14 дена

362

Софи Грегори Трудо, сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо е позитивна на коронавирусот поради што и тој ќе остане во карантин следните 14 дена.

Софи имала благи симптоми и се чувствува добро, а првите симптоми ги пријавила во средата. Епидемиолозите сега се обидуваат да дојдат до сите луѓе со кои таа била во контакт.






Од кабинетот на Трудо, пак, соопштуваат дека нема ризик за сите оние со кои тој бил во контакт изминатите денови.

„Премиерот е добро, нема никакви симптоми. Како мерка на претпазливост и по препорака на лекарите ќе биде во изолација следните 14 дена. Исто така, со оглед на тоа дека нема никакви симптоми, тој ќе биде тестиран“ соопштија од кабинетот на Трудо.

Канада има 147 потврдени случаи на заразата. Едно лице почина од коронавирус.

Поврзани содржини