СОПРУГАТА НА МИЦОТАКИС СЕ ПОВРЕДИ ВО СООБРАЌАЈКА ВО ИТАЛИЈА На Марева Грабовски ѝ се оперирани двете раце

Со својот сопруг Марева Грабовски Мицотакис претходно присуствувала на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано.

1,123

Сопругата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакидс, Марева Грабовски Мицотакис доживеа сообраќајна несреќа во саботата додека беше во Италија заедно со својот сопруг каде присуствуваа на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано.

Според информациите, сопругата на премиерот ги повредила двете раце и итно била префрлена во Грција, каде била оперирана од врвни грчки лекари на Клиниката за раце и микрохирургија на горните екстремитети во Атинската болницата КАТ. Според болничките извештаи, таа е во добра здравствена состојба и се опоравува во болница.






Сопругата на грчкиот премиер Киријакос Мицотаки, Марева Грабовски-Мицотакис е позната како успешна бизнис жена со меѓународна кариера. Таа има образование од Бостон колеџ, Универзитетот Колумбија и Бизнис школата на Харвард и работела повеќе од една деценија во Дојче банк во Лондон. Со Мицотакис е во брак од 1997 година и имаат три деца.
Таа е родена во Атина во 1967 година во семејство со грчки, полски и египетски корени — нејзиниот татко бил со полско потекло, а нејзината мајка имала врски со грчката заедница во Египет.

Поврзани содржини