СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ТЕТОВО 20-годишен возач прегази 82-годишен пешак

„Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово“, наведено е во полицискиот билтен.

159

Вчера во 12 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека на улица Штипска во Тетово се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишник од тетовска Шипковица удрило во 82-годишниот С.Р., информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово“, наведено е во полицискиот билтен.

Поврзани содржини