СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА СО ПОВРЕДЕНИ Затворен експресниот пат кај село Тракање

Во несреќата учествувале три возила, има повредени лица, а експресниот пат е затворен од 19:10 часот, соопшти АМСМ.

723

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на експресниот пат Кочани–Штип, во близина на селото Тракање, во која учествувале три возила.

Според првичните информации од СВР-Штип, во несреќата има повредени лица, но засега нема официјални детали за тежината на повредите. Повредените биле згрижени од итната медицинска помош, а повеќе информации се очекуваат по завршување на увидот.






На местото на несреќата веднаш интервенирале полициски екипи и истражни органи, кои вршат увид за утврдување на причините за судирот. Поради тоа, експресниот пат е целосно затворен за сообраќај.

Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека експресниот пат Кочани–Штип е затворен од 19:10 часот, а сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат Кочани–Штип.

Надлежните апелираат возачите да бидат внимателни, да ги почитуваат сообраќајните знаци и да користат алтернативни правци сè додека трае полицискиот увид.

Поврзани содржини