На крстосница од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов“ со улицата 9-ти Мај, вчера утрото се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл со скопски регистарски ознаки, сопственост на општина Карпош, а управуван од Б.К. од Скопје и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ѓ.(36) од Скопје.
По незгодата, Б.К. и Ј.Ѓ. биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им биле констатирани повреди.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, информира МВР.