СООБРАЌАЈКА НА ТРИ АВТОМОБИЛИ КАЈ КИЧЕВО Повредени се тројца тинејџери и двајца возрасни

Полицијата информира дека една малолетничка која била во возилото кое го управувал осумнаесетгодишник е тешко повредена.

141

Три малолетни лица од кои едното било возач и тројца возрасни се повредени во сообраќајна несреќа на три возила која се случила вчера на регионалниот пат Кичево – Осломеј.

Како што соопшти полицијата се судриле патничко возило „фиат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(18), патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(33) и патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки управувано од В.Х.(59), сите од Кичево.






Полицијата информира дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „фиат“, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден малолетен сопатник, возачот на патничкото возило „пасат“ и неговиот сопатник Ќ.Р.(30) од с.Туин, Кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

Поврзани содржини