Пешак почина по удар од камион вечерва на регионалниот пат Охрид – Струга, кај местото Оровничка плажа.
Информцијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој појасни дека товарно возило удрило во пешакот кој починал на лице место.
– Вечерва околу 19 часот во СВР Охрид пријавено е дека на стариот пат Охрид – Струга, кај Оровничка плажа товарно возило удрило во пешак, кој починал на местото на незгодата. Смртта ја констатирал лекар од итната медицинска помош – изјави Димоски.
Полициски екипи вршат увид на местото на незгодата, а сообраќајот е пренасочен на магистралниот пат. Повеќе информации полицијата најави за утре.