СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ОХРИД-СТРУГА Тројцата повредени се пренесени во „Свети Еразмо“ на трауматологија

Незгодата се случила околу 19 часот на патниот правец Охрид – Струга. Полициски екипи вршат увид на местото, изјави портпаролто на СВР Охрид, Стефан Димоски за МИА. Тој најави дека во утрешниот ден ќе има повеќе информации.

256

Три лица се повредени во сообраќајна незгода меѓу товарно и патничко возило што вечерва се случила на магистралниот пат Охрид – Струга, во близина на бензинска пумпа.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски за МИА ја потврди информацијата посочувајќи дека увидот е во тек и повеќе информации најави за утре.






– Незгодата се случила околу 19 часот на патниот правец Охрид – Струга. Полициски екипи вршат увид на местото – изјави Димоски за МИА.

Според очевидци, незгодата се случила меѓу товарно возило со албански национални ознаки и патничко моторно возило со охридски регистерски ознаки.

Повредените се пренесени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо” во Охрид, од каде потврдија дека се на опсервација и повеќе детали најавија за подоцна.

Сообраќајот на патниот правец Охрид – Струга е пренасочен по стариот пат.

Поврзани содржини