Сообраќајка на патот Делчево – Македонска Каменица

Во несреќата нема повредени лица, но сообраќајот е во прекин.

176

Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица кој е дел од магистралата А3 кај месноста Каменички рид, се одбива по една лента. Како што јавуваат возачи, во несреќата учествувале товарно возило камион и џип.

Според првичните информации, во несреќата нема потешко повредени лица.






– Во несреќата џипот е целосно оштетен, додека камионот се наоѓа на едната страна на коловозот заради што сообраќајот се одвива по една лента – велат возачи.
Увид на лице место вршат од полицијата, од каде повеќе детали најавија во текот на денот.
Поврзани содржини