СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ–ВЕЛЕС Возило излетало и удрило во банкина кај Петровец
Поради увидот и интервенцијата на службите, сообраќајот на оваа делница се одвивал забавено, со повремени краткотрајни застои, но автопатот не беше целосно затворен и возилата се пропуштаа во двата правци.
Сообраќајна несреќа се случи вечерва на автопатот Скопје–Велес, во близина на Петровец, кога патничко возило, според првичните информации, излетало од коловозот и удрило во заштитната ограда.
Веднаш по несреќата, на местото пристигнале екипи на Брзата помош, полицијата и противпожарната служба, кои интервенирале за обезбедување на местото и укажување помош доколку е потребно.
Поради увидот и интервенцијата на службите, сообраќајот на оваа делница се одвивал забавено, со повремени краткотрајни застои, но автопатот не беше целосно затворен и возилата се пропуштаа во двата правци.
Засега нема официјални информации за повредени лица. Од Министерството за внатрешни работи се очекуваат дополнителни детали за причините за несреќата и за состојбата на учесниците во сообраќајот.