Во близина на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ попладнево се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „рено“ и патничко возило „форд“, двете со скопски регистарски ознаки, објави Сител.
Засега нема информации за евентуални повредени лица.
И на Партизанска кај поликлиника Букурешт околу 15:30 часот се случила сообраќајна несреќа, а едно повредено лице е префрлено во Мајка Тереза.