СООБРАЌАЈКА ГО БЛОКИРАШЕ ПАТОТ ДЕЛЧЕВО-БЕРОВО Повредени се три лица
Сообраќајот на регионалниот пат Делчево - Пехчево - Берово е пренасочен преку стариот пат Тработивиште - Делчево, информира СВР Штип.
Поради сообраќајна несреќа во атарот на село Стамер, сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово е пренасочен преку стариот пат Тработивиште – Делчево, информираа од кол центарот на СВР Штип.
Според информациите на Итната медицинска помош која интервенирала на терен во несреќата учествувале две возила, при што три лица се повредени.
– Кај повредените се дијагностицирани повреда на појасна кичма со колкови, повреда на глава со повредна рана и повреда на вратна кичма со повреда на глава. Дел од повредените со возило на брза помош се префрлени во најблиските клинички центри – информираа од Итната медицинска помош во Делчево.