СОНЧЕВО, НО СТУДЕНО, ВЕТРОТ ГИ РАСТЕРА МАГЛИТЕ Следува продор на многу ладен воздух од север

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени.

272

Времето денеска ќе биде претежно сончево, со мала до умерена облачност, при што утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот се очекува и засилен, повремено силен ветер од северен правец, наместа со брзина и над 60 km/h, соопштуваат од УХМР.

Во Скопје, времето е сончево, со мала до умерена облачност, со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.






Утринските температури ќе се спуштат и до осум степени под нулата, а најниска температура ќе има во Берово. Во текот на денот максималната темепратура ќе достигне 11 степени, и вообичаено, најтопол град ќе биде Гевгелија.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен, а утре повремено силен северен ветер (локално над 60 km/h.)

Според метопрогнозерот Славчо Попоски, поради наглото заладување на времето и продор на многу ладен воздух од север и од североисток, во следните денови поголем дел од Македонија ќе се наоѓа во жолта и во портокалова предупредувачка фаза.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Целата прогноза на Славчо Попоски може да ја прочитате на следниов ЛИНК.

Поврзани содржини