СОНЦЕ, ОБЛАЦИ И УТРИНСКА МАГЛА ДО ВТОРНИК Затишје пред најавените дожд и снег
До вторник ќе се задржи стабилно и тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.
Времето утре, 21 декември, ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Температурите ќе бидат во интервал од -3 до 12 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно и тивко време, претпладне со појава на магла. Температурите ќе бидат во интервал од 0 до 10 степени.