СОНЦЕ ДО ПЛАДНЕ, ПОТОА НЕВРЕМЕ Топло време па шок, студен бран од четврток
Попладне се очекува нестабилно време со локални врнежи и грмежи, а од четврток следува нагло заладување и силен ветер.
Во Македонија нѐ очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност, но попладне следува промена со локална нестабилност, пороен дожд и услови за појава на грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 3 степени во Берово до 10 степени во Гевгелија, додека дневните ќе достигнат од 16 степени во Маврово до 25 степени во Гевгелија.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 7 до 23 степени.
Во четврток следува значителна промена на времето. Ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. Попладне, поради продор на постуден воздух од север, на планините ќе има услови дождот да преминува во снег.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец, кој на истокот повремено ќе достигнува брзина и над 60 километри на час. Температурите ќе се движат од 5 до 11 степени наутро, а дневните ќе бидат меѓу 10 и 18 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, на први мај времето ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринските температури ќе се спуштат од -1 до 6 степени, а дневните ќе достигнат од 9 до 16 степени.