СОМНИТЕЛНА ГАРАЖА ВО ГОСТИВАР Мини партиски штаб пред избирачко место
Засега нема информации дали е реагирано од набљудувачите на ова избирачко место и дали збирното место на партиските членови непосредно до избирачкото место претставува нарушување на изборниот процес.
Мини партиски штаб на една партија од албанскиот политички блок е поставен во импровизирана гаража во Гостивар, наспроти влезот во основното училиште „Гоце Делчев“ каде што се гласа, објави Република.мк
Засега нема информации дали е реагирано од набљудувачите на ова избирачко место и дали збирното место на партиските членови непосредно до избирачкото место претставува нарушување на изборниот процес.
Индиректен притисок врз гласачите забележан е на уште неколку избирачки места.
Според извори на Република, во Сарај пред училиштата каде што се гласа има луѓе од политичка партија од албанскиот блок која врши притисок врз гласачите. Иста била ситуацијата и во Рашче.
Во Куманово на неколку места имало проблеми со апарати и печат, на овие гласачки места Општинските изборни комитети реагирале и чекаат насоки од ДИК.