СОЛЗИ, ПЕСНИ И НАСМЕВКИ Украинските воинки маршираат кон слободата по најголемата размена на затвореници (ВИДЕО)

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа колона од жени кои маршираат низ таканаречената ничија земја кон Украина. Повеќето од нив плачеа кога се вратија по неколкумесечно заробеништво.

518

Најголемата размена на заробеници меѓу Украина и Русија од почетокот на војната се случи во понеделникот.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека со руската страна биле разменети вкупно 218 затвореници, од кои 108 се жени.






На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа колона од жени кои маршираат низ таканаречената ничија земја кон Украина. Повеќето од нив плачеа кога се вратија по неколкумесечно заробеништво.

Според Андриј Јермак, началникот на кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски, 37 жени кои беа заробени кога руските сили ја зазедоа фабриката за челик Азовстал во Мариупол беа ослободени во мај. Тој изјави дека се ослободени 25 украински војници и 12 жени цивили.

– Тоа беше прва целосно женска размена – рече Јермак.

 

Поврзани содржини