Солза Грчева и Горан Милевски партал се сторија во „Само вистина“, ќе продолжат на суд ВИДЕО
Дебатирајќи за пописот, Солза Грчева и лидерот на ЛДП Горан Милевски су упатија серија навреди и жестоки обвинувања, по што Грчева најави не една, туку три тужби за Милевски.
Во вчерашната емисија на „Само Вистина“ на Канал 5 дојде до жестока дебата околку новиот закон за попис и меѓу претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.
– Попис ни е потребен, таквата операција е нужна, но не сум за шверцерски работи и брзање во време на пандемија. Немам намера да отворам врата никому, дури во вакви услови ни на своите деца не им отворам. Исто така е сомнителен настапот на некои албански политичари кои лицитираат со бројки. Па што мислат со тоа дека нема да го признаат пописот доколку испаднат Aлбанци помалку од 20 или 25 посто! – рече Грчева.
На ова министерот Милевски и одговори дека Македонија е единствената земја во која не е спроведен попис повеќе од 20 години, а доколку сакаме да бидеме дел од Европската унија, мораме да ја реализираме оваа статистичка операција.
Според Грчева, ако се става европско знаменце на ваквиот закон, во тој случај треба да се почитуваат и европските регулативи за изведување на попис.
– Треба да ги попишуваме луѓето кои се резиденти и оние најмногу до една година што ја имаат напуштено земјата, а не секој и секого. Сметам дека во вакви услови, граѓаните масовно нема да отвораат врати за попис. Затоа што сметам дека ова не е вистинското време, поради тоа што треба пред се да се вакцинираме и имунизираме, а потоа да влеземе во вакви авантури – смета Грчева.
Дебатата прерасна и во лична пресметка. Откако Милевски ја праша Грчева дали земала апанажа по завршувањето на пратеничкиот мандат, таа реагираше жестоко. Одговори дека не е корупција да се земе апанажа, а потоа упади навреда кон Милевски дека тој е неписмен човек. Тој и одговори дека можеби е таков како што вели таа, но тој е чесен, за разлика од неа која седи дома и зема пари, а не се вратила на факултет како професор, туку таа зема пари и од граѓаните и од факултетот каде што предава.
– Во 2014 година ние бевме пратеници, заедно со колешката која од ЛДП се префрли во СДСМ, а преку ноќ ги мина сите заслужни кадри и стана пратеник. На нас, на сите опозициски претеници кои што седевме дома во 2014 година, посредници ни нудеа од 100.000 до 300.000 евра за да влеземе во собранието. Сите ги одбивме тие пари, освен „чесната“ Солза Грчева на која што не ѝ понудиле, таа влегла во собранието – рече Милевски.
На ова регираше Грчева која го обвини за клевата Милевски и му порача дека за ваквото тврдење тој ќе добие тужба.
– Чесната Солза за плата си одработуваше, додека вие во „Плеј кафе“ седевте, не работевте и земавте целата пла. Вие сте лажов, затоа што ниту ми нуделе пари, ниту ништо. Вие сте безобразен, каква што ви е и власта, која што е и криминогена. Само да биде јасно дека Милевски за овие обвинувања ќе добие тужба – рече Грчева.
Милевски не остана покусо:
– Кога не собираа Заев и Шекеринска во СДСМ, само Солза Грчева се противеше и влеше дека таа тука доаѓа за пари, затоа што земала професорска плата и дека не може да седи дома без пари, па поради тоа мора да влезе во Собрание, затоа што без плата не можела да живее, а за ова има 34 сведоци – рече тој.
Грчева повторно го обвини соговорникот дека тој е полтрон, неспособник и глупав човек и навистина се чуди како може тој да биде на раководна функција, а исто така го потсети дека Милевски поради овие работи од неа ќе добие три тужби, и покрај тоа што сега ќе го штити Заев, но тоа нема да се случи во иднина и дека ќе заврши во Идризово за сите лаги што ги кажал.