СОКОЛ ГО ПРЕТВОРИЛ ЗАТВОРОТ ШУТКА ВО ХОТЕЛ ЗА КРИМИНАЛЦИ СО АМИН ОД СДСМ И ДУИ Ќе го исклучи ли Филипче обвинетитот ексдиректор од централниот одбор, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Во времето кога Сокол беше директор осудени криминалци со службени возила излегувале надвор од ќелиите кога ќе посакаат. Тоа не е ниту пропуст, ниту случајност, тоа е системски криминал и злоупотреба на државната функција, со директна поддршка или молк од тогашната власт на СДСМ и ДУИ, рече Валентин Манасиевски.

573

 

Обвинението поднесено против Филип Андов – Сокол е потврда за она што предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ, за можен организиран криминал што се случуваше во затворот во Шуто Оризари, под диригенство на кадри на СДСМ, рече денеска Валентин Манасиевски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ.






– Во времето кога Сокол беше директор, затворот беше претворен во луксузен хотел за осудени криминалци, кои со службени возила и под заштита на институцијата, односно на директорот Андов, излегувале надвор од ќелиите кога ќе посакаат. Тоа не е ниту пропуст, ниту случајност, тоа е системски криминал и злоупотреба на државната функција, со директна поддршка или молк од тогашната власт на СДСМ и ДУИ – рече Манасиевски.

ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој, повеќепати јавно посочи дека се работи за организирана структура која ја поткопува правдата, а сега, со официјално поднесено обвинение, тоа се потврди.

– Прашањето е дали сега СДСМ и Венко Филипче конечно ќе покажат минимум одговорност, ќе се оградат и ќе го исклучат Сокол од член на Централниот одбор на СДСМ? Или и понатаму ќе го штитат, како што штитат сè што има врска со нивниот криминален картел? Обвинителството мора да продолжи без компромиси. Судот мора да биде храбар и непристрасен.Правдата мора да победи, а ваквите случаи не смеат да завршат во фиока. Ако сакаме институции што служат на граѓаните, тогаш казна мора да има за сите, без разлика дали се работи за поранешни директори, партиски советници или луѓе блиски до Зоран Заев и Венко Филипче – рече Манасиевски.

Јавното обвинителство вчера поднесе обвинителен предлог против 8 вработени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Шуто Оризари. Во фокусот на случајот е поранешниот директор на затворот, Филип Андов – Сокол, кој заедно со двајца полициски службеници сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, додека петмина други затворски полицајци се гонат за Несовесно работење во службата.

Истражните органи утврдиле дека во периодот од март до јули 2024, обвинетите на петмина осуденици им овозможувале недозволени поволности, вклучително и излегување од затворот до нивните домови или на приватни локации, спротивно на сите законски процедури.

 

ДОЗВОЛИЛЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ДА ШЕТААТ СЛОБОДНО ОД ЗАТВОР ДО ДОМА Обвинителство ги товари директорот Андов и уште 7 лица за тешка злоупотреба

Поврзани содржини