Продуцентскиот партнер на Софија Вергара, Луис Балагер, поднел барање за заштитни мерки за актерката, нејзиниот сопруг Џо Манџанело, нејзиниот возрасен син Маноло и за самиот себе поради маж кој неодамна е уапсен заради неовластено влегување во затворената заедница во која живеат ѕвездите.
Балагер во судскиот документ наведува дека Рангифо Рандазо, ментално нестабилем маж, кога бил уапсен заради престапот признал дека ги демнел нив четворица.
Како што пишува „ТМЗ“, продуцентот наведува дека се во страв за своите животи затоа што Рандазо повеќепати ги малтретирал.
Во пријавата се наведува дека демначот повеќепати е приведуван заради семејно насилство, а мерки за забрана за него некои веќе побарале.
Од судијата се бара на Рандазо да му се одреди забрана за приоѓања на помалце од 100 метри.
Вергара и нејзиниот сопруг во неделата прославија пет години брак и на социјалните мрежи споделија снимки од својата раскошна венчавка на Флорида.
„Среќна годишнина Џо Манџанело, те сакам“, напиша 48 годишната Вергара.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм