Софија Вергара ја доби битката: Поранешниот партнер не смее да ги користи нивните замрзнати ембриони

1,233

Актерката Софија Вергара (48) уште еднаш победи во судски процес со поранешното момче Ник Лоеб (45), пренесува „Дејли мејл“. По повеќегодишно судење, пристигна пресудата – судот трајно му го забрани пристапот на Лоеб до нивните замрзнати ембриони без согласност на Вергара. Поранешниот партнер на актерката веќе најави жалба на пресудата.

Да потсетиме, спорот настана поради два замрзнати оплодени ембриони. Двојката ги чувала ембрионите во медицинска клиника во Калифорнија пред седум години.






Минатиот месец, Лоеб ја загуби правната битка за старателство над нивните замрзнати ембриони, а потоа апелациониот суд во Луизијана донесе одлука во корист на Вергара, sвездата на „Модерно семејство“. Неговата тужба беше отфрлена, прогласена за „одвратна“ и се смета дека го исмејува правниот систем во Луизијана.

Правната сага датира од 2015 година, кога Лоеб првпат покрена тужба против Вергара. Потоа Вергара го тужеше Лоеб во 2016 година и го замоли судот да донесе одлука дека секој негов обид да добие контрола над тие ембриони го крши договорот што двајцата го потпишале.

 

Поврзани содржини