Софија Куновска: Ајде, можете вие и повеќе! Секој пратеник потпретседател!
Собранието денеска требаше да избере пет потпретседатели.
Предлогот Собранието да има пет потпретседатели предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи. Меѓу луѓето кои реагираа е и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Софија Куновска.
Таа на својата фејсбук страна напиша:
Пет? Ајде, можете вие и повеќе! Секој пратеник потпретседател! И така претходните имаа многу работа.