Социјалната помош ќе се исплаќа од 2 септември
Владата го задолжила Министерството за труд и социјална политика податоците за корисниците да ги достави навреме до банките.
Министерството за труд и социјална политика најдоцна до 1 септември ќе треба до банките да ги достави податоците за корисниците на социјална заштита со цел веќе од 2 септември да се обезбеди исплата на парите за август. Вакво задолжување добило денеска Министерството од Владата.
Владината прес- служба соопшти дека на денешната владина седница е усвоена Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита за август 2020 година.