СОЦИЈАЛИСТИТЕ СЕ ПРОТИВ ПРОМЕНИТЕ НА УСТАВОТ Не се предвидени во Копенхашките критериуми и се понижувачки

СПМ вели дека најавата за уставни промени што мнозинството граѓани не ги прифаќаат е доказ за отуѓеноста на власта која не ги слуша ниту ги почитува граѓаните.

126

Социјалистичката партија на Македонија без особено изненадување го следи медиумскиот притисок што власта го прави за наводниот почеток на процедурата за промени на македонскиот Устав.

„Секојдневно нелегитимниот премиер и неговите министри Маричиќ, Османи, Груби и други постојано кажуваат смешни приказни колку е убаво да се смени Уставот и дека од тоа зависи иднината на државата.






Тие безочно лажат дека сè ќе зависи од таа промена. Тие се под стрес, но и од лукративни причини настојуваат прифатените бугарските уцени да ги преточат во уставни промени“, се вели во соопштението на партијата.

СПМ вели дека најавата за уставни промени што мнозинството граѓани не ги прифаќаат е доказ за отуѓеноста на власта која не ги слуша ниту ги почитува граѓаните.

„Социјалистичката партија на Македонија укажува дека наводно започнатите лобирања, уцени, условувања, закани или секакви ветувања кај пратениците кои се против овие измени се веќе видена работа и тоа овој пат на оваа безумна антидемократска и антимакедонска клика нема да ѝ се дозволи“, се вели во партиско соопштение.

Власта како и надворешните претставниците мора да ги почитуваат критериумите од Копенхаген за прием, каде не е предвидена измена на Уставот за да се задоволат барањата на Бугарите и нивните поддржувачи, порачува СПМ и инсистира власта мора да бара измени на срамниот Договор за добрососедство со Бугарија, особено бришење вториот Протокол и измена на Преговарачката рамка за преговори со оглед дека се срамни и понижувачки за секоја држава.

Поврзани содржини