СОБРАНИЕТО ТРЕБА ДА РАСПИШЕ ОГЛАС ЗА НОВ ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ Законодавецот треба да ја почне процедурата за избор на наследникот на Љупчо Коцевски
Согласно Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Македонија, по предлог на Владата го именува Собранието, со мандат од 6 години, со право на повторно именување.
Се очекува Собранието деновиве да го распише огласот за избор на нов републички јавен обвинител,
Владата на последната седница го разгледа предлогот за огласување за именување на државен обвинител и му предложи на Собранието да распише оглас во Службен весник и во најмалку два дневни весника, од кои еден се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои
зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.
Согласно Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Македонија, по предлог
на Владата го именува Собранието, со мандат од 6 години, со право на повторно именување.
Собранието треба да го распише огласот најдоцна 2 месеца пред истекот на мандатот на државниот обвинител или веднаш по упразнувањето на местото. Според законот, Јавниот обвинител е должен да ја извести Владата за истекот на мандатот најдоцна во рок од 3 месеци пред истекот.
Рокот за поднесување на пријавите е 15 дена од денот на објавувањето на огласот во Службен весник.
Согласно член 61 став (1) од Законот за јавното обвинителство, за Јавен обвинител може да
биде именувано, односно избрано лице кое ги исполнува следниве општи услови: да е државјанин на Македонија, активно да го владее македонскиот јазик, да има деловна способност, да има завршени правни студии со стекнати 300 ЕКТС или VII/1 степен на образование од областа на правните науки или нострифицирана диплома од правни студии во странство за стекнати 300 кредити, како и да има положено правосуден испит во Македонија.
Посебни услови за избор на државен јавен обвинител се кандидатот да има непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право.
Собранието на Македонија на седницата на 16 декември 2025 година, на Љупчо Коцевски му утврди престанок на функцијата Јавен обвинител на Македонија. Тој поднесе неотповиклива оставка на денот кога Собранието требаше да го разгледува предлогот на Владата за неговото разрешување.
До изборот на нов државен обвинител функцијата ја врши обвинителката Анита Тополова Исајловска, која беше избрана на 22 декември од Советот на јавни обвинители.