Собранието го верификува мандатот на новиот пратеник Бедри Фазли од ДУИ со 61 глас „за“ , против гласаше еден пратеник и воздржани се двајца.
Пратеникот доаѓа на местото на Фљорин Бесими, кој се откажа од мандатот по укажувањето на Антикорупциската комисија дека ако е пратеник ќе има судир на интереси доколку гласа братот Фатмир Бесими да биде министер.