СОБРАНИЕТО ЌЕ ДОБИЕ НОВО ЛОГО Oбјавен конкурс, ќе се бара модерен визуелен идентитет
Според објавениот повик, новото лого треба да ги отсликува националните вредности, како и мисијата и визијата на институцијата. Во конкурсот се наведени и основните елементи кои треба да ги содржат предложените идејни решенија, а особено внимание се посветува на оригиналноста.
Собранието на Република Македонија објави Јавен конкурс за изработка на заштитен знак (лого) со цел да се модернизира и уедначи визуелниот идентитет на законодавниот дом.
Според објавениот повик, новото лого треба да ги отсликува националните вредности, како и мисијата и визијата на институцијата. Во конкурсот се наведени и основните елементи кои треба да ги содржат предложените идејни решенија, а особено внимание се посветува на оригиналноста.
„Дизајнот мора да биде уникатен и досега неупотребуван. Авторите ќе треба да обезбедат ексклузивност на трудот и да гарантираат дека предложеното решение не ги повредува интелектуалните права“, се наведува во конкурсот.
Секој заинтересиран има право да поднесе најмногу три идејни решенија, а нивната евалуација ќе ја врши посебна комисија формирана од претседателот на Собранието. Рокот за поднесување на предлозите е 45 дена од денот на објавување на јавниот конкурс.