СО ЗЛОУПОТРЕБА ОВОЗМОЖИЛЕ ДВЕ ПРАВНИ ЛИЦА ДА ЌАРАТ 200.000 ЕВРА Кривични пријави за 6 лица и фирма од Србија
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против 6 физички лица и едно право лице од Србија поради сомнение за сторени кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување и Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против 6 физички лица и едно право лице од Србија поради сомнение за сторени кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување и Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.
„Првопријавениот, во својство на претседател на управен одбор на Државна лотарија на Македонија, усвоил план за изменување и дополнување на планот за јавни набавки за 2023 година и го намалил периодот на важност на договорот за изнајмување софтвер за лотариски систем на една година. Со тоа двојно ја зголемил проценетата вредност за набавката и склучил договор со Државна лотарија на Србија. Второпријавениот, во својство на директор на Сектор за информатички технологии, изготвил барање за измена на планот за јавни набавки со Секторот за јавни набавки на Државна лотарија за 2023, во кое навел дека предвидените средства за изнајмување на софтвер на лотариски систем во висина од 12 милиони денари (200 илјади евра) не се доволни. Тој не преземал дејствија за раскинување на договорот со правно лице од Србија и покрај тоа што знаел дека постапуваат погрешно во делот на одржување на софтверот“, соопшти полицијата.
Второпријавениот, третопријавениот и четвртопријавениот, во својство на членови на комисија за јавни набавки, изготвиле извештај од спроведена постапка од 2023 година, во која констатирале дека доставените понуди од правно лице од Република Србија и правно лице од Скопје ги исполнувале критериумите, и покрај тоа што не ги исполнувале бараните критериуми, се додава во соопштението.
„Петто и шесто пријавените во име на правните лица од Скопје и Србија склучиле договор за поднесување на заедничка понуда во отворена постапка, во која навеле дека освен банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот, правното лице од Србија ќе обезбеди и развиен софтвер за лотариски систем. Пријавеното правно лице не се придржувало и не ги исполнило условите и барањата од набавка. Од преземените дејствија, двете правни лица се стекнале со противправна имотна корист од 11.870.754 денари“, соопшти МВР.