СО ЗАКАНИ СО НОЖ СИ ГИ БАРАЛ НЕИСПЛАТЕНИТЕ ДНЕВНИЦИ На газдите им ја исекол гумата од автомобилот
Газдата се обидувал да го смири, а неговата сопруга исплашена побегнала и влегла во казино во близина од каде повикала полиција.
Триесетгодишен маж со нож им се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници.
Осомничениот на 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот автомобил излегувале од фирмата во селото Трубарево, осомничениот им го попречил патот, застанувајќи пред возилото со нож во рацете. Агресивно замавнувал, ги навредувал и им се заканувал, а потоа со ножот им ја исекол левата задна гума од автомобилот. Оштетениот се обидувал да го смири, а неговата сопруга исплашена побегнала и влегла во казино во близина од каде повикала полиција.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки за претпазливост за оштетениот – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување до оштетените.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против него поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик.