СО ЗАКАНИ ОДЗЕЛЕ ПАРИ НА БЕНЗИНСКА И ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА Полицијата расчистува случаи во скопска Кисела Вода и во Аеродром

Во 03.10 часот утрово во Полициска станица Кисела Вода е пријавено дека на бензинска пумпа на подрачјето на оваа општина, едно лице со закана од вработениот одзело пари. Во СВР Скопје вчера во 09.25 часот е пријавено дека околу 09.20 во обложувалница на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со закана од вработената одзело пари, се наведува во денешното соопштение на СВР Скопје.

170

Со закани биле одземени пари од вработени во бензинска пумпа и обложувалница во Скопје, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

„Во 03.10 часот утрово во Полициска станица Кисела Вода е пријавено дека на бензинска пумпа на подрачјето на оваа општина, едно лице со закана од вработениот одзело пари. Во СВР Скопје вчера во 09.25 часот е пријавено дека околу 09.20 во обложувалница на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со закана од вработената одзело пари“, се наведува во денешното соопштение.






Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Поврзани содржини