СО ВОЗИЛО ПОКОСИЛ ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО Тешка несреќа во Ново Лисиче

Како што информира Министерството за внатрешни работи, автомобилот го управувал Т.Н. од Скопје. Во несреќата повредени се Г.К. (40) и М.К. (39), како и нивните две малолетни ќерки.

1,545

Тешка сообраќајна несреќа ја потресе скопската населба Ново Лисиче вчера околу пладне, кога возач со автомобил „опел астра“ излетал од булевар и буквално покосил четворица пешаци – брачен пар и нивните две деца, пред возилото да се забие во семафор.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, автомобилот го управувал Т.Н. од Скопје. Во несреќата повредени се Г.К. (40) и М.К. (39), како и нивните две малолетни ќерки.






„Пешаците веднаш биле пренесени во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, каде што им се констатирани телесни повреди,“ соопштија од МВР.

На местото на настанот извршен е увид од екипи на скопската полиција, а се утврдуваат причините за несреќата. Според првичните информации, возилото изгубило контрола и излетало од коловозот со голема брзина.

Жителите на Ново Лисиче, кои биле сведоци на настанот, за медиумите изјавиле дека ударот бил силен и дека веднаш излегле да помогнат на повредените пред да пристигнат полицијата и брзата помош.

Поврзани содржини