Сообраќајна несреќа се случи пртпладнево на патот пред селото Дреново во која е повреден 27-годишниот М.Б од село Јаболчиште.
Како што информираат за МИА од СВР Велес, повредениот со своето возило излетал од патот и се превртел на кровот, потоа излегол од возилото и самиот повикал Итна помош од Велес. Во меѓувреме од местото на сообраќајката го зеле неовите родители и на патот Дреново – Лисиче се сретнале со итната помош која му укажала прва помош.