СО ВОНЗЕМЈАНИТЕ ЌЕ ЗБОРУВАМЕ НА КВАНТЕН ТЕЛЕФОН Веќе имаме прототип, само уште да го усовршиме

Ќе ни требаат микробранови зраци на земјата, а рендгенски во вселената за да можеме да испрати фотонски сигнали до другиот крај на Универзумот. Добрата работа е што кога има квантна комуникација никој не може да ве прислушкува, на пример, некоја трета вонземска цивилизација. Технологијата работи на квантно вкрстување, моментално поврзување на две честички, кое знаеме дека постои и го користиме кај квантните компјутери.

437

Исто како што постојат квантни компјутери, односно квантна телепортација од Стар Трек, кога исчезнувате на едно, а се појавувате на друго место, така може и да постои квантен телефон со кој веројатно е најдобро и најбрзо да комуницираме со нашите браќа вонземјани. Со брзина на светлината. Ако најдеме вонземјани. Всушност, ако има цивилизации негде далеку во галаксијата, тогаш тие можеби и веќе ја имаат оваа технологија, како многу понапредна од стандардната електроника, пишува ИФЛ Наука.

Добрата вест е што при квантната комуникација никој не ќе може отстрана да прислушува. На пример, трета вонземска цивилизација. Тоа е затоа што квантните компјутери не можат да бидат хакирани. За телефонот да функционира, честичките, најверојатно тоа ќе бидат фотони, значи честички на светлина, ќе мораат да бидат во единство или вкрстени, вплеткани, а секој што од страна ќе се меша со своја фреквенција веднаш ќе ја уништи врската.






Овој феномен на квантно вплеткување Ајнштајн го открил кон крајот на својата кариера. Не му се верувало дека две честички на краевите на универзумот можат да стапат во контакт толку инстантно, веднаш. Ова тој го нарекол „мистериозен марифет на далечина“.

Веќе имаме квантен телефон?

Веќе имаме примитивни квантни телефони. Комуникација меѓу сателит и Земјата кои се оддалечени само неколку стотици километри е воспоставена. Ова, сепак, не е ништо во споредба со праќање порака на Марс за која, ако се оди со класичен радио сигнал требаат 10 минути да се испрати и уште толку за да се добие одговор. Затоа, на пример, толку тешко оди следењето на роверите на НАСА на Црвената планета.

Но професорите Арјун Берера и Хаиме Калдерон-Фигуероа од Универзитетот во Единбург во Шкотска тврдат дека и тоа е можно. Во Physical Review D. тие напишале дека пречките за подалечни комуникации се инженерските проблеми, а не основните закони на физиката.

Главната предност на квантната комуникација е количината на информации што може да се пренесуваат ефикасно, без потреба од моќни предаватели. Со оглед на годините на доцнење помеѓу испраќањето и примањето сигнали до други ѕвездени системи, за пораките што не носат многу информации може да се процени дека не вреди да се вложат напори, сугерираат авторите. Леснотијата на шифрирање е секундарна придобивка.

Ќе ни требаат рендгенски Х-зраци

Квантната комуникација се потпира на кохерентност, конзистентност во фреквенцијата и брановите форми на пренесените фотони. Главниот предизвик со кој се соочува е индуцираната декохеренција, која се гледа кога се обидуваме да пренесеме сигнали премногу далеку низ атмосферата на Земјата, на пример. Во вселената, гравитационите полиња или меѓуѕвездениот гас може да предизвикаат декохерентност во фотоните кои носат порака.

Иако ова е предизвик, може да се минимизира, истакнуваат Берера и Калдерон-Фигуероа. Тие заклучуваат дека декохерентноста ќе биде многу помала закана за меѓуѕвездените квантни пораки кои го користат делот на рендгенските зраци од спектарот, иако и испраќачот и примачот можеби ќе треба да бидат надвор од атмосферата. Ако сакаме преносот да се случи од самата планета, авторите покажуваат дека оптичките и микробрановите фреквенции исто така треба да работат.

Да се обидеме да ги слушнеме вонземјаните

Авторите на студијата сугерираат на кои фреквенции би можеле да ги слушнеме вонземјаните, доколку тие користат ваков телефон. Тешко ќе биде да се разграничи вонземски сигнал од некој брз сигнал од пулсирачка ѕвезда или друг феномен во вселената. Тоа досега многупати се случуваше. Сепак, авторите се оптимисти.

„Би имало одредена количина на нагаѓања и обиди и грешки во разбирањето на примениот квантен комуникациски сигнал, но сепак барем би бил свесен дека сигналот се чини дека е од интелигентен извор“, пишуваат авторите.

Поврзани содржини