СО ТРОТИНЕТ ПРЕГАЗИЛ 2-ГОДИШНО ДЕТЕ И ИЗБЕГАЛ Детето добило тешки телесни повреди

На местото на настанот е извршен увид од екипа на СВР Скопје.

437

Непознат сторител вчера прегазил 2-годишно дете со тротинет во рекреативниот парк Тоше Проески во Скопје. Тој избегал од местото на настанот. Детето е тешко повредено.

„На 4.6.2025 година во 19.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во рекреативниот парк Тоше Проески во населбата Ново Лисиче, електричен тротинет удрил во 2-годишно дете од Скопје. Потоа лицето што го управувло со тротинетот го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје“, соопшти полицијата.






На местото на настанот е извршен увид од екипа на СВР Скопје.

Поврзани содржини