СО ТРАКТОР ВЛЕГОЛ ВО КАЗИНО Ноќна авантура на 40-годишен битолчанец
Битолчанецот со тракторот оштетил влезна врата и дел од инвентарот во казино во Битола.
40-годишен битолчанец е лишен од слобода откако се обидел со трактор да влезе во казино во Битола. Во инцидентот тој ја оштетил влезната врата и дел од инвентарот на казиното.
„Ноќеска во 00.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.К.(40) од Битола. Тој се сомничи дека на вчера околу 23.35 часот со трактор оштетил влезна врата на казино во Битола, како и неколку столбчиња пред влезот на казиното.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“ – стои во известувањето од МВР.