„СО ТОА ШТО СЕ ЈАВИ, ЖЕРНОВСКИ САМ СЕ ПРИЈАВИ“ Лефков го прашува дали е бугарски ресурс или бугарски канал

Пропаднатиот градоначалник Жерновски, амбасадорот на диво, се јави со писание, за да нè запознае дека не се во игра само mushroom страници туку постојат и mushroom политичари. МНР на Бугарија најави дека ќе ги ангажира сите ресурси и достапни канали за заштита на бугарските интереси и оп, се појави Жерновски како бугарска интернет страничка хостирана на Бихачка, менаџирана од Софија, објави на Фејсбук пратеникот Миле Лефков.

526

За mushroom медиуми сме чуле и виделе, ама Жерновски покажа дека постојат и mushroom политичари – без светло, без корен, и со многу влага од минатото, објави на Фејсбук пратеникот Миле Лефков.

Тој вчера и денеска предупреди дека дел од бугарските медиуми, поддржани од домашни политички сојузници, тргнале со невидена кампања, не против неговите ставови, туку против неговото семејство.






„Пропаднатиот градоначалник Жерновски, амбасадорот на диво, се јави со писание, за да нè запознае дека не се во игра само mushroom страници туку постојат и mushroom политичари. МНР на Бугарија најави дека ќе ги ангажира сите ресурси и достапни канали за заштита на бугарските интереси и оп, се појави Жерновски како бугарска интернет страничка хостирана на Бихачка, менаџирана од Софија! Со тоа што се јави Жерновски – сам се пријави. Само уште не ни кажа дали е ресурс, канал или mushroom пропаднат амбасадор!“, пишува Лефков.

Жерновски, додава тој, човек без акредитив, без политичка тежина и без капка авторитет, се појави на сцена како интернет-трол во обид да ме дискредитира.

„Не поради некаква вистина, туку затоа што моите ставови го погодија токму онаму каде што боли: во вистинската насока. Додека јас предупредував за хибридна закана од Бугарија, неговите партиски другари релативизираа со параноја и со навреди, ама ден подоцна бугарски медиуми стартуваа уште еден координиран напад. И како по команда – уште еднаш, пак Жерновски, истрошен глумец од маргините на политиката, mushroom политичар, за да ја продолжи валканата работа дома, со досетка – сум паднал во јамата“, пишува Лефков.

Во ред, ајде малку да зборуваме и за јами, додава пратеникот.

„Јама е кога си пропаднат градоначалник кој општината ја претвори во партиски расадник, со роднини и активисти од СДСМ вработени со договори во 4 очи. Јама е кога одиш во Букурешт како амбасадор на диво, без акредитив, без процедура, без достоинство. Јама е кога цела кариера ја минуваш на грбот на државата, а потоа глумиш досетко-mushroom полотичар со туѓи агенди. Јама е кога после сè – од пропаднат градоначалник, преку дипломатија на диво, завршиш како обичен интернет трол кој се фаќа за роднини и за браќа, оти со аргументи не можеш да се справиш“, пишува Лефков.

Јас сум пратеник и зборувам во свое име, додава пратеникот.

„Јас не бегам од вистината, ја кажувам, колку и да не им одговара на некои. А моите роднини не се предмет на јавна расправа. Тоа што некој друг цел живот се криел зад туѓи имиња и привилегии – не му дава право да ги влече моите роднини во калта, затоа што така правел кариера! Јас зборувам и ќе продолжам да зборувам за Македонија, без разлика кого тоа нервира – во Софија или во Централен одбор на СДСМ. А ти, ако баш сакаш да бидеш корисен за некого – прво реши се дали си ангажиран ресурс или канал за бугарските интереси!“, вели Лефков.

И за крај јавно прашање до Андреј Жерновски, додаде пратеникот.

„Дали со месеци се криеше од МНР бидејќи Романија не ти дозволуваше да ги предадеш акредитивните писма?  Дали МНР за тој сериозен пропуст дозна директно од романските власти, наместо од тебе? Ако на било кое од овие прашања одговорот е не, јавно и лично ќему  се извинам. Но ако е да, тогаш ред е тој да им се извини и на институциите и на граѓаните што на диво ги трошел нивните пари на туризам во Букурешт“, пишува пратеникот Миле Лефков на Фејсбук.

Поврзани содржини