СО ТАЈНОСТА НА ДОГОВОРОТ СЕ ОДВЛЕКУВА ВНИМАНИЕТО ОД ПЕНАЛИТЕ Лефков потсетува дека ќе плаќаме казна ако нема 60-часовна работна недела
Токму Дарко Каевски ја убедуваше јавноста дека договорот со „Бехтел и Енка" само што ќе биде објавен и токму поради тие изјави кои беа демантирани од првиот вицепремиер Артан Груби се создава мислење во јавноста дека овој стратешки проект кој треба да чини скоро 2 милијарди евра односно 1,3 милијарди со 600-800-тини милиони за експропријација предвидени им се отстапени на ДУИ како некое пазарење,изјави Лефков во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа" на Телевизија 24.
Целта со изјавите за тајноста на договорот е само одвлекување на вниманието на јавноста бидејќи излезе дека се предвидени пенали кои треба да се плаќаат доколку Собранието не ги донесе законите и законските измени за 60 часовна работна недела, смета Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
– Токму Дарко Каевски ја убедуваше јавноста дека договорот со „Бехтел и Енка” само што ќе биде објавен и токму поради тие изјави кои беа демантирани од првиот вицепремиер Артан Груби се создава мислење во јавноста дека овој стратешки проект кој треба да чини скоро 2 милијарди евра односно 1,3 милијарди со 600-800-тини милиони за експропријација предвидени им се отстапени на ДУИ како некое пазарење – изјави Лефков во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа” на Телевизија 24.
Тој посочи дека со необјавувањето на договорот нема транспарентност.
Лефков е дециден дека власта настапува со истата реторика како со скриените деловни договори кои беа употребени кога требаше да се набавуваат вакцини од Кина.