СО СОЛЗИ ЗАМИНА ОД ТЕНИСКИОТ ТЕРЕН Заврши блескава кариера на Серена Вилијамс

472

За многумина најдобрата тенисерка на сите времиња Серена Вилијамс стави крај на кариерата откако во третото коло на УС Опен беше поразена од Ајла Томљановиќ.

Австралијанката победи со 7-5, 6-7/4, 6-1 по нешто повеќе од три часа игра во возбудлив дуел на преполниот „Артур Еш“. Тоа беше 109. меч за Серена на УС Опен, последен, но и прв кој траеше повеќе од три часа






– Се обидов, но Ајла одигра многу подобро. Благодарам на сите што беа со мене сите овие години, децении. Сакам да им се заблагодарам и на моите родители, тие заслужуваат сè! Ова се солзи радосници. Благодарам Венера, таа е единствената причина зошто Серена Вилијамс некогаш постоела. Тоа беше забавно возење, неверојатно патување на кое сум била. Јас сум исклучително благодарна – низ солзи изјави Серена.

За речиси две и пол децении, Серена Вилијамс освои 23 Грен слем турнири во сингл – по седум на Австралија Опен и Вимблдон, три на Ролан Гарос и шест пати на УС Опен. Покрај тоа, таа има 14 Грен слем титули во двојки, како и две титули во мешани двојки.

Пред неколку недели Серена изјави дека УС Опен ќе ѝ биде последен турнир во кариерата, а иако не играше многу оваа сезона, со поддршка од навивачите успеа да се пласира во третото коло. Таа на стартот славеше против Црногорката Данка Ковиниќ, а потоа ја исфрли втората носителка Анет Контавеит, за да се соочи со Томљановиќ, која игра во неверојатна форма оваа сезона. Австралијката во четвртото коло во Њујорк ја очекува дуел со Људмила Самсонова која ја елиминира Александра Круниќ.

Поврзани содржини