СЕГА СО ШТО ЌЕ ЈА МИЕМЕ ‘РЃАТА? Захарова се потсмева со заминувањето на Кока-Кола од Русија
Господи, со што ќе ја измиеме 'рѓата?!, се потсмева дипломатката на социјалната мрежа Телеграм.
Портаролката на руското МНР, Марија Захарова, на Телеграм се пошегува со одлуката на Кока-Кола да го прекине своето производство во Русија.
„Кока-Кола објави дека повеќе нема да произведува и продава пијалоци од брендот во Русија. Господи, со што ќе ја измиеме ‘рѓата?!“ се потсмева дипломатката.
Во Русија има десет фабрики на Кока-Кола. Американското седиште објави прекин уште на почетокот на март поради окупацијата во Украина, но производството на пијалоци продолжи.
Вчера, дистрибутерот на компанијата за Русија и официјално го најави прекинот.