Со шинско возило руски дипломати си заминаа од Северна Кореја

Северна Кореја и онака важеше за строго затворена земја, а со пандемијата нејзините граници уште повеќе се затворија и влегувањето и излегувањето станаа речиси невозможни.

855

Поради затворените граници поради пандемијата, руски дипломати од затворената Северна Кореја мораа да си заминат самите туркајќи шинско возило.

Северна Кореја и онака важеше за строго затворена земја, а со пандемијата нејзините граници уште повеќе се затворија и влегувањето и излегувањето станаа речиси невозможни.






Тоа најдобро го почувствуваа осуммина руски дипломати кои заедно со своите семејства требаше од Пјонгјанг да се вратат во родната Русија, која, патем, граничи со Северна Кореја.

Руското министерство за надворешни работи објави слики и видео како дипломатите ја минуваат границата на реката Тумен по чиј мост морале самите да буткаат шинска кола натоварена со куферите и нивните деца.

Допломатите немале помош, од Плонгпјанг само биле испратени и им бил покажам патот, па самите да се снаоѓаат. Цел километар морале да го буткаа возилото на шини за да стигнат до руска територија каде биле пречекани од автобус испратен од Министерството за надворешни работи. Потоа се упатиле кон аеродромот во Владивосток.

Поврзани содржини